Монако, 1. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ има нов тренер во својот стручен штаб. Неодмана пензионираниот Радек Штепанек во следната година ќе му помага на поранешниот број 1 рекет во неговото враќање на терените.
39-годишниот екс-тенисер се пензионираше кон средината на ноември и прифати да му помогне на својот пријател Новак во неговиот кам-бек од повредата на лактото. Најголем успех во кариерата на Штепанек е пласманот на 8. место на АТП листата во 2006 година, како и Дејвис купот кој го освои во 2012 и 2013 година, додека настапи на повеќе од 400 натпревари на Гренд слем турнирите.
Штепанек во кариерата се пресметал 14 пати со Ѓоковиќ, а српскиот тенисер само еднаш во тие дуели излезе како поразен. (Крај)
извор: Екипа.мк фото: архива