декември 2, 2017

Охрид, 2. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на посетата на Охрид, делегацијата  на општина Чајетина од Република Србија, предводена од заменик претседателот  Арсен Ѓуриќ, имаше средба со секретарот на општина Охрид Игор Бежоски.

На средбата се разговараше за воспоставување на меѓусебна соработка, особено во туристичкиот сектор.

Cajetina_2

Претставниците на  општина Чајетина, претходно во хотелот „Нова Ривиера“  во Охрид и амбасадата на Република Србија во Република Македонија во Скопје имаа презентација на нивните бизнис и туристички потенцијали. (Крај)

извор/ фото: ohrid.gov.mk

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука