Милано, 3. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Икарди е на пат да стане само шестиот фудбалер во Серија А кој постигнал 100 голови пред да наполни 25 години.Во моментов има 96 голови, а неговиот 25. роденден е во февруари.
Во Шпанија го најавуваат како замена за Бензема во Реал Мадрид, но иако е млад, Икарди вели дека не би го променил клубот доколку тие не го избркаат.
„Доколку тие не ме исфрлат, ќе останам во Интер до крајот на мојата кариера“, изјави Икарди за Газета дело Спорт.
Актуелниот договор на Икарди со Интер е во траење до 2020 година, тој е во преговори за нов кој треба да трае до 2023. (Крај)
извор: 24фудбал фото: архива
Прочитано: 24