декември 2, 2017

Охрид, 2. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Основците од ОУ „Дебрца“, „Ванчо Николески“ од Лескоец и „Св. Наум Охридски“ од Пештани, под раководство на нивните наставници по германски јазик, денес присуствуваа на божиќниот базар во Германската Амбасада во Скопје.uceniciskopje2uceniciskopje3

Учениците имаа можност да ја почувствуваат предновогодишната атмосфера со традиционална германска храна и пијалоци, карактеристични за овој период од годината.

uceniciskopje4 uceniciskopje5 uceniciskopje6– Настанот беше поздравен од германскиот амбасадор и детскиот хор, кој секоја година се претставува со божиќни песни. Ова е одлична можност да им се доближи германската култура и традиција на учениците кои го изучуваат германскиот јазик, велат настаниците кои присуствуваа на базарот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука