Охрид, 4. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дотур на роба во деловните објекти низ чаршијата може да се врши само со помали моторни возила (пик-ап и комбиња).
Имено, годинава малку порано од вообичаено, служби од локалната самоуправа започнаа со поставување на новогодишни украси и опрема во охридската чаршија,па поради тоа е донесена ваква одлука за сопствениците на деловните објекти и добавувачите.
Засега сијалички од ѕвезденото небо се поставени на почетокот од чаршијата.
Од локалната напоменуваат дека доколку не се почитува оваа препорака, може да дојде до уништување на украсите и тешки последици врз возилата и лицата кои ги управуваат. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 37