Охрид, 4. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе известување против две малолетни лица од Охрид на возраст од 13 и 14 години за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.
– Истите, во дворот на Основното училиште „Григор Прличев“ биле забележани како претураат непозната течност, по што се слушнала силна експлозија. Исто така, 13-годишното лице ноќта помеѓу 11-ти и 12-ти минатиот месец, во Охрид фрлило две пластични шишиња во дворно место зад зграда, при што настанале две последователни експлозии, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 18