Охрид, 7. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Некогашниот српски репрезентативен голман на ФК „Партизан“, познатиот Ивица Краљ, заедно со претставници на локалната самоуправа Шабац, оствари работна средба со градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски.
На средбата меѓу другото се разговараше за можноста фудбалски екипи од Република Србија да имаат подготовки за натпревари во Охрид како и да се организираат тренинг кампови.
На состанокот се разгледуваа и можностите за идна економска соработка меѓу двете општини, Охрид и Шабац.
Некогашниот репрезентативен голман, Краљ кој е актуелен претседател на ФК „Мачва“ од Шабац, попладнево со претставници од општина Охрид ги разгледува спортските капацитети на градов. (Крај)
извор/фото: ohrid.gov.mk