Избор Охрид

Директен судир на патот Ресен-Охрид, тешко повредени три лица

Охрид, 9. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Три лица се тешко повредени откако синоќа два автомобили се судрија на патот Ресен – Охрид во близина на месноста Крушје. Останатите патници се здобиле со полесни повреди.

Сите повредени се пренесени со Итна помош во охридската болница „Св. Еразмо“.

Според информации од полицијата еден од автомобилите во несреќата која се случила нешто по 20:00 часот, бил со охридски регистарски таблички, а другиот со вевчански. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука