Охрид, 9. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во „Тамаро“ маркетот во склоп на фабриката „Братство“ денес беа извлечени вторите добитници на наградите во рамките на проектот „Дрвото на СРЕЌАТА“ со Франк, „Тамаро“ и Супер радио.
Жаклина, Атанас и Андреа ќе добијат пакет Франк производи, но и специјална и уникатна шолја, посебно брендирана од страна на BoomerangMugs, кои изработуваат посебно украсени шолји.
Илија Богданоски на лице место за купувачите во „Тамаро“ изработува прекрасни и уникатни шолји, кои секако најдобро одат со највкусните Франк чаеви.
– И денес имаве одличен ден, изработивме неколку шолји за најверните купувачи на „Тамаро“. Ова е одличен начин да се промовираат овие квалитетни производи, но и овој вид уметност, која е уникатна и останува еден убав спомен за сите, особено во пресрет на празниците, вели Богданоски.
Проектот „Дрвото на СРЕЌАТА“ ќе трае еден месец и во него ќе ги пиеме најздравите и највкусните Франк чаеви, но и ќе добиваме вредни награди и подароци. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес