декември 10, 2017

Струга, 10. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 28-годишниот Т.Н. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“.

– Казненото дело тој го сторил на десетти минатиот месец во Струга кога насилно го отворил прозорот од куќа, влегол во внатрешноста и извршил пребарување по собите. Притоа, пријавениот Т.Н. одзел пари во разна валута, злато, телевизор, разновидна облека, еден мобилен телефон, ДВД, звучници и други поситни предмети со што се стекнал со противправна имотна корист од 120.000 денари, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука