декември 10, 2017

Охрид, 10. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во 21 век имаме брутален прогон. Македонија е единственото место во светот каде патриотите треба да одговораат за измислено дело тероризам, истакна на денешниот протест Д-р Кирил Пецаков, координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Хунтата на СДС погази и Устав и закони, се гонат и затвораат искрени патриоти, а утре ќе го гонат и затвораат секој еден кој се спротивставува на оваа ненародна и марионетска власт.  Затоа, како советничка група на ВМРО-ДПННЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ остануваме доследни на поддршката за притворените уставнобранители од настаните од 27-ми април ќе ја бојкотираме работата на Советот на општина Охрид сѐ до конечна слобода на притворените во политички монтираниот процес. Остануваме да ги поддржуваме сѐ додека не падне оваа полициска хунта, истакна Пецаков.

Ноќеска непознати сторители ги искршиле прозорците на влезот во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, при што се обиделе да влезат и во останатите простории во објектот. Настанот бил пријавен во полиција, екипа на крим-техника извршила увид на лице место и се работи на расветлување на случајот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Курир

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука