Охрид, 10. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице е рането од огнено оружје во инцидентот кој се случи денес, нешто по 14:00 часот на булевар „Туристичка“ во Охрид.
Неофицијално, со истрел од огнено оружје, најверојатно пиштол, во пределот на подколеницата е ранет охриѓанец, од засега се` уште непознат напаѓач.
Веднаш по настанот, кој се случил кај кружниот тек со улицата „Бистрица“, повредениот бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ и според информациите на лекарите е надвор од животна опасност.
Полицијата извршила увид на местото на настанот и како што информираат од СВР Охрид, преземаат широки мерки и активности за пронаоѓање на лицето кое пукало. (Крај)
извор: Вечер фото: архива
Прочитано: 41