Струга, 25. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната редовна седница ги избра стружанката Нола Исмајлоска и Фатмир Имероски од Дебар за нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Нола Исмајлоска доаѓа од Општинскиот комитет Струга. Таа има завршено на медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. На последните предвремени парламентарни избори беше избрана за пратеник во Собранието на Република Македонија од изборна единица 5.
Во Собранието на Република Македонија членува во комисијата за односи меѓу заедниците и за европски прашања. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 46