декември 17, 2017

Охрид, 17. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска на градскиот плоштад во Охрид, ќе се спроведе акција за собирање средства за изградба на нов стационар.

Овој хуманитарен настан ќе се одвива во периодот од 13:00 до 17:00 часот, а е органзиран од Македонската мисија за хуманост, со поддршка на Здружението за заштита на животните  „Анималиа“.

– На плоштадот ќе биде поставено платно на кое што ќе може да се сликате со новогодишна тема, а ќе има и кученца за вдомување. Доколку времето е врнежливо настанот ќе биде одложен, велат органзиаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука