декември 18, 2017

Охрид, 18. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – За четврток, 21-ви декември е закажана седница на градскиот совет.

Со дневниот ред се предвидени 19 точки кои опфаќаат разрешување на членови во управните и надзорните одбори во охридските јавни претпријатија и именување нови.
Пред советниците ќе се најде и Предлог одлука за надоместок на трошоци на организаторите на изборната кампања за локалните избори, кои се одржаа на 15-ти октомври.

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков најави дека остануваат доследни на поддршката за притворените уставнобранители за настаните од 27-ми април и ќе ја бојкотираат работата на Советот на општина Охрид сѐ до конечна слобода на притворените во според нив политички монтираниот процес. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука