декември 18, 2017

Струга, 18. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 33-годишниот А.Ѓ. од Струга.

– На 30-ти мај годинава, при извршен претрес во неговиот дом, пронајдени се една паковка и една кеса со непозната тревкаста материја и еден шприц со непозната темна течност. Дополнително, полициските службеници пронајдоа уште една кеса со единаесет шприцови со непозната темна течност, додека во дворот од куќата на пријавениот, забележани се уште шест паковки со тревкаста материја. Пронајдените предмети се одземени за понатамошна постапка, а по добиено вештачење, утврдено е дека тревкастата материја преставува опојна дрога марихуана, со нето маса од 37,58 грама додека темната течност во шприцевите е Хашиш-смола со вкупен волумен од 203,5 милилитри, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука