Охрид, 21. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид за денес најавија протест и блокирање на кружниот тек кај Охридска Банка во знак на поддршка за уставобранителите.
– Во знак на револт и протест против уривањето на демократијата и правната држава, против монтираните процеси и политички прогон, денеска во периодот од 15:45 часот до 17:30 часот ќе се блокира кружниот тек кај Охридска Банка како поддршка за уставобранителите, информираат од Центарот за комуникации на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива
Прочитано: 17