декември 21, 2017

Охрид, 21. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на празниците, ЈП „Охридски комуналец“ со зголемени активности.

Директорот Љупчо Граданоски во изјава за Супер радио и OhridPress истакна дека во претпријатието периодов се работи во три смени, улиците во централното градско подрачје се метат четири пати, а низ градот е зголемен и бројот на контејнери.

Што се однесува до зимското одржување на патиштата, директорот Грданоски рече дека се целосно подготвени.
– При првиот снег што го имавме неделава, реагиравме веднаш, излеговме на терен, замрзнатите улици беа посипени со абразивни средства. Интервениравме и во стариот дел на градот, населбата „Гоце Делчев“ (Бараки) и местата каде има остри и тесни свиоци и големи наклони, рече Грданоски.

Покрај интервенциите на службите на Комуналец, во овие две  населби се направени неколку пунктови на кои има сол и песок, за да можат и самите граѓани по потреба да реагираат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука