декември 21, 2017

Охрид, 21. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид денес го одржаа најавениот протест и го блокираа кружниот тек кај Охридска Банка „во знак на поддршка за уставобранителите притворени за настаните од 27-ми април“.

– Во знак на револт и протест против уривањето на демократијата и правната држава, против монтираните процеси и политички прогон, денеска во периодот од 15:45 часот до 17:30 часот ќе биде блокиран кружниот тек кај Охридска Банка како поддршка за уставобранителите, порачаа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

vmroblokada2Претходно денес, охридските советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја напуштија седницата на Советот на Општина Охрид. И овој гест е во знак на поддршка на притворените за настаните од 27-ми април.

Според првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид Кирил Пецаков, тие нема да учествуваат во работата на Советот се` до ослободувањето на овие лица.

– Остануваме доследни на поддршката и ќе ја бојкотираме работата на Советот на Општина Охрид се` до конечното ослободување на притворените во овој политички монтиран процес, напомена Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука