декември 23, 2017

Охрид, 23. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пет ученици од охридската гимназија под менторство на професорот Војо Илоски, учествуваа и постигнаа забележителни резултати на натпреварот  „Иновативен камп“, што се одржа во Скопје, во организација на Junior Achievement Macedonia, а со финансиска помош од USAID Macedonia.

На учениците им беше дадена задача да смислат производ или услуга што ќе придонесе да се заштеди електрична енергија на локално ниво. Во развивање на идејата на учениците им помагаа бизнис ментори, кои ги насочуваа според зададениот концепт.

gimnazijalcinatprevar2

Првото место на натпреварот го освои идејата за изработка на апликација која на купувачите ќе им овозможи при купување на електричните уреди да изберат производ кој троши најмалку енергија. Дел од победничкиот беше ученикот Никола Петрески, второпласиран беше тимот на Марија Цветаноска, а Мартин Врангаловски со неговиот тим беа третопласирани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука