Охрид, 24. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од Terazza Aquarius информираат дека продолжуваат со организација на хуманитарни настани за помош на оние наши сограѓани на кои им е најпотребна.
– И оваа година повторно да најдеме време и да им излезиме во пресрет на тие на кои им требаме. Традиционално во соработка со LC Lychnidos, сега за дечињата од Дневниот центар „Зраци“ од Охрид. Бидете дел, да бидеме хумани, порачуваат од Terazza Aquarius.
Забавата ќе се одржи денес во периодот од 12:00 до 15:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Terazza Aquarius
Прочитано: 67