Скопје, 24. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – 23-годишен скопјанец загина, а негов врсник од Охрид е во животнозагрозувачка состојба по сообраќајката што се случила ноќеска во 03:13 часот во близина на Основното училиште „Кочо Рацин“ во Скопје.
Како што е наведено во полицискиот Билтен, во сообраќајката која се случила на булeварот „Мајка Тереза“, 23-годишниот скопјанец Д.С. управувајќи возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки удрил во столб.
Возачот, како и сопатникот, 23-годишниот А.Н. од Охрид, се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Ургентниот центар, каде околу 03:50 часот Д.С. починал, а А.Н. е во животно загрозувачка состојба. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 31