Избор Охрид

Метео: Умерено облачно со јужен ветер и температура до 9. степени

Охрид, 26. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес ќе се задржи умерено облачно време со сончевио периоди. По одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската ќе има услови за појава на магла.

Температурата во Охрид ќе достигне 9. степени.

– И утре ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло за овој период од годината. Наутро ќе има услови за појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе има мала до умерена облачност. Под влијание на влажен бран во четврток ќе биде облачно со повремен дожд, а на високите планини од снег. Претпладне врнежи ќе има на западот, а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава, но сепак најинтензивни ќе останат во западните делови. Во петок врнежите ќе бидат слаби и полокализирани, но ќе биде постудено па слаб снег ќе има и на повисоките места особено на западот. Во деновите од викендот се очекува стабилно, суво и ветровито време, информираат од УХМР. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука