Охрид, 26. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Холандскиот тур-оператор ТУИ Холандија од следната летна сезона ќе воведе летови од од Ајндховен до Охрид, објави ТАВ Македонија.
Летовите ќе ги реализира нивната авиокомпанија TUI Fly, со која веќе се носат туристи од Амстердам на охридската ривиера.
Со воведувањето на оваа нова авио конекција со охридскиот аеродром, во градов ќе доаѓаат туристи од Ајндховен, кој е лоциран во јужниот дел од Холандија, блиску до белгиската граница, два пати неделно.
TUI Fly ќе лета секој понеделник и петок, почнувајќи од 11-ти мај до 21- ви септември.
Сезонските летови од Ајндховен треба да донесат од 3.000 до 3.500 патници на охридскиот аеродром, додека вкупно, вклучително и со летовите од Амстердам, ТУИ очекува следната година да донесе 15.000 туристи на Охридското Езеро. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива