Охрид, 29. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во случајот со новите вработувања во дел од училиштата и реакциите на родителите, постапено е сосема легално и во склад со законските прописи, потенцира градоначалникот Јован Стојаноски, по вчерашниот бојкот на наставата, кога родители на деца од прво одделение го искажаа своето незадоволство за промена на две наставнички и дефектологот во училиштето.
Стојаноски потенцира дека договорите на дело на дел од наставниот кадар им завршиле на 30-ти ноември, но за да нема конкурс на средина од полугодието, истите биле продолжени за еден месец.
– Нов конкурс мораше да биде објавен, а него можеше да се пријави секој, па дури и оние кои во минатите години беа бркани од истите тие училишта. За кадровските решенија одлучува конкурсната комисија, некаде продолжија старите кадри, некаде има нови вработуивања, рече Стојаноски.
Тој додаде дека школите се основани од општината но си имаат свои директори кои се одлучуваат за внатрешните работи.
Инаку, вчера со бојкот на наставата, родителите на деца од прво одделение во ОУ „Св. Климент Охридски“ го искажаа своето незадоволство од промената на две наставнички и дефектологот во ова училиште. На трите им биле истечени договорите на дело, по што бил распишан нов конкурс на кој и тие аплицирале, но на нивно место се избрани други соработици. Наставничкиот совет и одборот на родители во училиштето донеле одлука двете наставнички и дефектологот и натаму да продолжат да работат. Родителите најавија дека бојкотот кој го започнаа денес, земајќи ги своите деца од настава, ќе трае се до исполнувањето на нивните барања.
Со допис се јави и директорката на училиштето Наташа Тренеска, во кое се наведува дека лицата кои се примени на работа се професионалци и многу бргу ќе се прилагодат на работата со децата, а и децата ќе ги прифатат доколку сите заедно им дадеме соодветна шанса и реална можност да го покажат своето знаење.
Допис испрати и дефектологот Билјана Аслимоска, која се за поддршката на родителите и целокупната јавност за новонастанатата ситуација во училиштето „Св. Климент Охридски“ во Охрид. Според неа на овој начин продолжува низата низата на реваншизам и отфрлање на оние кои сакаат да работат. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес