Спорт

Андерсон и Баутиста-Агут ќе се борат за титулата во Абу Даби

Абу Даби,30. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Шпенецот Баутиста-Агут и Јужноафриканецот Андерсон ќе играат во финалето на егзибициониот турнир во Абу Даби, кој вообичаено означува почетокот на новата тениска сезона.

По откажувањето на Новак Ѓоковиќ во последен момент, турнирот загуби на квалитет и на интерес.

Баутиста-Агут лесно се справи со некогашниот прв рекет, Енди Мареј (6-2), а Андерсон беше подобар од Доминик Тием со 2-0 во сетови (7-6/6, 6-4).

Финалниот меч се игра денеска од 16.00 часот на централниот терен во Абу Даби. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави