Спорт

„Четирите скокалници“ стандардно ја најавуваат Новата Година

Оберсдорф, 30. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – 2017 година веќе заминува, 2018 година ни чука на портите, а со самото тоа доаѓа и големиот ски-настан, популарните „Четири скокалници“, кои се одржуваат традиционално во Австрија и Германија во овој период од годината веќе 66 година во низа.

Големиот настан ќе тргне од Оберсдорф, каде попладне ќе се одржат првите ски-скокови. Потоа, натпреварувањето ќе продолжи во Гармиш-Партенкирхен (1 јануари) и Инсбрук (3/4 јануари), за на крај да се затвори во Бишофсхофен (6 јануари).

Лански победник на „Четирите скокалници“ во вкупниот пласман кај медалистите е Камил Стох од Полска, а поединечно, на ски-скоковите триумфираа Стефан Крафт (Оберсдорф), Даниел Андре-Танде (Гармиш и Инсбрук) и Камил Стох (Бишофсхофен).

Досега, само еднаш се случило ист скијач да победи на сите четири скокалници, кога во 2001/02 четирикратен победник беше Свен Ханавалд. Најуспешна нација во историјата е Германија со вкупно 16 победници, но чека на победа веќе 15 години, Австрија и Финска исто така имаат по 16 победи, додека четврта е Норвешка, со вкупно 10 победи. (Крај)

извор: Гол.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави