декември 31, 2017

Охрид, 31. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен и северозападен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 8. степени.

– За време на Новогодишната ноќ времето ќе биде стабилно и суво. До понеделник утрата ќе бидат студени, а дневните температури во благ пораст, во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Од понеделник попладне облачноста ќе се зголемува, а во вторник ќе има повремени врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука