Доха, 26. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Ракометната репрезентација на Македонија го заврши настапот на СП во Катар откако синоќа беа поразени од Словенија со 30-28.
Ова беше втор пораз на Мундијалот кој значеше и крај на надежите дека ќе успееме да се пласираме во 1/4 финалето и да обезбедиме виза за квалификациите за настап на Олимписките игри во Рио Де Женеиро следната година.
Најефикасни во нашата селекција со по седум гола беа Кире Лазаров и Гоце Георгиевски, додека за Словенија девет голови постигна Драган Гајиќ.
извор: ОхридПрес фото:архива
Прочитано: 38