Охрид, 4. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Рано утрово е урнат столб на почетокот на Градската чаршија, на потегот од Бистро „Корнер“ кон Чинарот.
На истиот беше прицврстена конструкција на која беа поставени дел од чадорите и новогодишните украси на овој дел, како дел од „Чоколадната улица“ која треба да започне со работа деновиве.
Од локалната самоуправа за Супер радио информираат дека се веќе на терен и дека се работи на санирање на оштетувањата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 28