јануари 5, 2018

Охрид, 5. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Даночната Академија на УЈП во текот на овој месец организира серија еднодневни обуки за пријавување, оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот и даночните поволности.

Обуките се бесплатни и се наменети за сите заинтересирани физички лица, кои може да присуствуваат со регистрација кај наведеното контакт лица, најдоцна два дена пред почетокот на обуката.

raspored obuki ujp

Во Охрид обуката е предвидена за 26-ти јануари со почеток во 10 :00 часот во општина Охрид. Претходно ваква обука на 22-ри јануари ќе се одржи и во струшкото даночно одделение. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука