јануари 9, 2018

Охрид, 9. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од утре до 31-ви јануари ученици и професори од  ОУТУ „Ванчо Питошески“ и  СОСУ„Св. Кирил и Методиј“,во рамки на програмата „Еразмус +“, ќе престојуваат во Шпанија, каде ќе ги реализираат   проектите „Me= doctor“ и  „5 stars service“.

Двете групи од по четворица  професори и 20 ученици беа примени од градоначалникот Јован Стојаноски. За време на престојот во Шпанија тие ќе бидат вклучени во обуки  соодветни на нивниот профил во познати хотелски и медицински установи во Мадрид и Барселона.

Erasmus_1

Градоначалникот Стојаноски  на професорите и  учениците   им  посака  пријатен престој и изрази  уверување дека нивните колеги, домаќини  во иднина  ќе доаѓаат на работни посети во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука