Избор Охрид

Новогодишна театарска претстава во рамките на „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ (Фото)

Охрид, 14. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – По одличниот настап на групата Љубојна од синоќа, денес продолжија активностите во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.

Дождот, кој денес упорно паѓаше во Охрид ја помести новогодишната театарска претстава – ПХВ Шоу (Промоција на хумани вредности Шоу) од Клубот на млади при ООЦК Охрид, од новата сцена кај малиот плоштад кај Мини маркет на Градскиот плоштад, во посебно изработената куќичка за потребите на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.

pretstavackplostad1– Уште еден прекрасен настап имаа денес младите на Црвен крст – Охрид на Градскиот плоштад „Климент Охридски“ во рамки на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“. Тие го изведоа музичко-сценскиот перформанс PHV-SHOW со кој преку глума, пантомима и музика ги промовираа културните вредности и испратија порака за хуманост, толеранција и мир, порачаа младите волонтери при охридскиот Црвен крст.

pretstavackplostad2 pretstavackplostad3Во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ следуваат и Трката на келнерите, Изложбата на отворено на најубави фотографии од Охрид, Фестивалот на графити и модерна уметност… На 19-ти јануари за големиот верски празник Водици на големата сцена на Градскиот плоштад ќе настапи групата „Фолтин“, со што ќе биде крунисана целата манифестација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави