јануари 15, 2018

Охрид, 15. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес облачно со локални врнежи претежно од снег, главно со слаб интензитет. Повеќе врнежи ќе има во планинските региони на северозападот и истокот од земјава, каде се очекува формирање или зголемување на снежната покривка.

Формирање на мала снежна покривка е можно понекаде и во пониските делови на северот од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура во Охрид до 5. степени.

– Појава на врнежи ќе има и утре, но само на крајниот запад. Во останатите делови преку денот ќе има сончеви периоди, ќе дува умерен југозападен ветер, а температурата осетно ќе се зголеми. Поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд се очекува во среда доцна попладне, како и во текот на ноќта кон четврток кога поради нагло заладување врнежите ќе преминуваат во снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: Метео фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука