јануари 15, 2018

Охрид, 15. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охрид забрзано се подготвува за најмасовна црковно- народна манифестација за празникот Богојавление – Водици. Од денеска екипи на охриските јавни претпријатија започнаа со украсување на пристаништето и просторот на кој ќе се одржува целата манифестација.

Ќе се украсуваат светолникот и канделабрите, а како и секоја година ќе бидат поставени унифицирани тезги кои ќе бидат украсени со зеленило – аризонски чемпрес, прунус и друго.

ohrid vodici podgotovki 2

Инаку, од денеска во сите парохиски цркви започна пријавувањето на заинтересираните скокачи по чесниот крст, кои при аплицирањето ќе добијат програма и маици.

Во петок, на 19-ти јануари, како и секоја година традиционално богослужбите започнуваат во 07:00 часот, а во 08:30 часот започнува литургијата. Во 09:45 часот ќе тргне литијата од сите парохиски цркви и ќе се упатува кон градското пристаниште, каде во 10:00 часот ќе биде извршен голем водосвет и ќе се положи чесниот крст во водите на Охридксото езеро.

Среќниот фаќач на крстот ќе биде даруван од градоначалникот  Јован Стојаноски со икона, а МПЦ-ОА ќе му подари златно ланче со крст.

vodici20164

И годинава по традиција, точно напладне во месноста Сараиште ќе биде спроведено групно крштевање.

saraistekrstevanje2

За Денот на рибарите предвидена е богата програма, задолжително учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ ќе ја приготвата традиционалната рибна чорба, ќе има пача и плашици.

Се очекува манифестацијата во Охрид да ја следат бројни медиумски куќи. По своите духовни и верски вредности, празникот Богојавление- Водици како  најмасовна црковно- народна манифестација ги надминува локалните и регионални граници и го привлекува вниманието на голем број верници, гости, туристи и посетители. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука