јануари 16, 2018

Охрид, 16. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Врнежите од дожд деновиве во Охрид предизвикаа помали измени во програмата на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.

– Изложбата на отворено на фотографии од Охрид во голем формат ќе биде свечено отворена во четврток, 18-ти јануари во 12:30 часот на платото – малиот плоштад, кај поранешна Библиотека. Претходно, во 12:00 часот, на посебно прилагодениот простор позади споменикот на Св. Климент на Градскиот плоштад ќе започне и Фестивалот на графити и модерна уметност. од истите причини Трката на келнерите е поместена за во петок, 19-ти јануари, со почеток во 19:00 часот. Основната идеја е да се организира трка на најбрзите и најдобрите келнери од охридските кафе барови, ресторани и хотели. Ќе се трча на потегот од пред Mr.I до кружниот тек во центарот на градот. За забавата вечерта ќе се погрижат групата „Камелеон“, заедно со Жармена и Китроз, по што ќе следува и настанот на вечерта, концертот на групата „Фолтин“, информираат од Одделението за односи со јавност при Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука