Охрид, 17. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Оваа година, во најатрактивниот период во годината, односно за време на Новогодишните, божиќните и празнувањата за Василица и Водици, за прв пат во Охрид се одвива манифестацијата „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.
Идејата е да се креира проект кој ќе носи сопствен печат, ќе трае цел месец и ќе се надградува секоја година, а ќе вклучи манифестации од повеќе области.
Како една од најатрактивните содржини на месецот на забавата во Охрид, ќе биде и Трката на келнери. Основната идеја е да се организира трка на најбрзите и најдобрите келнери од охридските кафе барови, ресторани и хотели. Ќе се трча на потегот од пред Lounge bar Objectif до плоштадот „Св. Климент Охридски“. Настанот ќе се одржи во петок, на 19-ти јануари со почеток во 19:30 часот.
За забавата вечерта ќе се погрижат групата „Камелеон“, заедно со Жармена и Китроз, по што ќе следува и настанот на вечерта, концертот на групата „Фолтин“.
– За таа цел Ве покануваме и Вие бидете дел од оваа манифестација збогатувајќи ја истата преку пријавување на најдобрите келнери од Вашите угостителкски објекти. Бројот на учесниците не е ограничен. Воедно Ве информираме дека на плоштадот можете да ги пријавите и најдобрите бармени кои ќе имаат можност да ги промовираат и своите коктели пред гостите. Со надеж дека ќе прифатите да бидете дел од овој атрактивен настан Ве покануваме за подетални информации да не контактирате на телефонскиот број 046/230-175 или 070/989-806. Лице за контакт Илкер Мустафа, информираат од Општина Охрид. (Крај)
извор: Општина Охрид фото: ОхридПрес