јануари 19, 2018

Лондон, 19. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Трансферот на Санчез во редовите на Манчестер Јунајтед веројатно е само прашање на време, тоа можеше да се заклучи и од последната изјава на Арсен Венгер.

Чилеанецот беше на чекор од заминување и во текот на летото, тогаш како и на стартот на овој преоден рок фаворит за негово доведување беше Манчестер Сити, но сега подоцна во трката се вклучи Јунајтед кој најверојатно и ја добива битката.

„Доколку Санчез остане наш играч ќе игра во сабота. Во фудбалот сум 30 години и знам како одат работите, неговиот трансфер е блиску до реализација и најверојатно ќе се реализира, но ваквите работите никогаш не можете да кажете дека 100% сигурни“, изјави Венгер.

Покрај оваа изјава на Венгер голем број англиски медиуми утрово пренесуваат дека трансферот на Санчез ќе биде завршен до крајот на денот, а во спротивен правец би тргнал Михтаријан кои според некои извори во Лондон ќе заработува 175.000 фунти неделно. (Крај)

извор: Спортски фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука