Избор Охрид Охрид навечер

Богата програма на последниот ден од проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“

Охрид, 19. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Последниот ден од проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“ донесува богата програма.

Покрај стандардните активности за прослава на празникот Богојавление Водици, денешниот ден ги донесува и последните активности од овој проект, со кој ќе биде заокружен новиот начин на прославување на Нова година и сите празници во овој период, покренат од страна на новата локална самоуправа.

Денес од 19:00 часот ќе се одржи трката на келнерите, односно трка на најбрзите и најдобрите келнери од охридските кафе барови, ресторани и хотели. Ќе се трча на потегот од пред Lounge bar Objectif до плоштадот „Св. Климент Охридски“.

За забавата вечерта ќе се погрижат групата „Камелеон“, заедно со Жармена и Китроз, по што ќе следува и настанот на вечерта, концертот на групата „Фолтин“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука