Охрид, 22. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Нивото на водата во Охридското езеро е блиску до просекот за месец јануари.
Според последните мерења од УХМР, езерската вода е на котата од 693,34 метри надморска височина, односно 17 сантиметри над нултата кота (693,17). Со оглед на тоа што просекот за овој месец е 693,38 метри надморска височина, значи водостојот е во рамки на очекуваното.
Температурата на водата во Охридското езеро изнесува 5. степени.
Кога сме кај водостојот на реките, последните мерења евидентирале повисоко ниво е забележано на Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 21