јануари 22, 2018

Струга, 22. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – 29-годишниот А.Б. од Поградец, Република Албанија, синоќа, околу 19:30 часот, во Полициската станица Струга пријавил дека бил физички нападнат од страна на лицето И.Љ. и уште неколку непознати лица.

– Лицето А.Б. по претходна покана како новинар присуствувал во хотел во Струга на дебата организирана од страна на политичка партија, но во текот на дебатата бил физички нападнат. Лекарска помош му била пружена во Здравствениот дом во Струга. И.Љ. е повикан во полициска станица, со него е извршен разговор и ќе биде поднесен соодветен поднесок. Се работи на идентификација на останатите учесници во нападот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука