Денвер, 23. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа се одиграа нови девет натпревари во НБА лигата, во кои доминација имаа домаќините со дури осум победи. Њу Орлеанс и Чикаго го одиграа најинтересниот дуел, во кој по две продолженија Пеликанси славеа победа од 132-128.
Најзаслужен за победата беше Демаркус Казинс кој постигна „трипл-дабл“ со 44 поени, 24 скока и 10 асистенции и стана втор играч по Карим Абдул Џабар (44 поени, 20 скока и 11 асистенции), кој постигнал најмалку 40 поени и 20 скока. Во поразениот тим на Чикаго Лопез запиша 22 поени.
https://youtu.be/0r__2IFBEkI
Хјустон Рокетс во неизвесен и натпревар со пресврти го совлада тимот на Мајами со 99-90. Најзаслужен за победата беше Џејмс Харден со 28 поени, а кај Мајами најефикасен беше Вајтсајд со 22 коша. За „ракетите“ денешната победа е нивна трета во серија.
https://youtu.be/1Ytq_4j7mz0
Никола Јокиќ запиша нов „дабл-дабл“(16 поени и 12 скока), а тимот на Денвер на домашен терен славеше победа против Портланд со 114-111. Најефикасен во Денвер беше Мареј со 38 поени, а кај поразениот Портланд, Лилард запиша 22 коша.
ЛА Клиперс на домашен терен е поразен од Минесота со 118-126, а повоторно солидна партија за „клиповите“ одигра Милош Теодосиќ (15 поени и 6 асистенции), но на крајот недоволно за позитивен резултат. Најефикасен кај „волците“ беше Вигинс со 40 поени.
https://youtu.be/otq-nSCoccM
Во останатите натпревари Шарлот го совлада Сакраменто со 112-107, Атланта беше подобра од Јута со 104-90, Мемфис славеше против Филаделфија со 105-101, Милвоки оствари домашна победа против Феникс од 109-105, а Далас славеше против Вашингтон со 98-75.
https://youtu.be/NjKJstWF4vQ
извор: Гол.мк фото:архива