јануари 23, 2018

Манчестер, 23. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Чилеанската фудбалска ѕвезда, Алексис Санчез, се огласи по преминот во Манчестер Јунајтед и изјави дека конечно се исполнил неговиот детски сон, да заигра за најголемит клуб на светот.

Санчез во тимот на Јунајтед пристигна како дел од размената со Михтарјан, кој пак премина во тимот на Арсенал.

„Од моја најрана возраст сонував да играм за Манчестер Јунајтед, а тоа сега не го зборувам бидејќи сум тука. Ова е голем и моќен клуб, најголем на светот. Кога го облеков дресот и го погледнав грбот, едноставно се наежив. Црвената боја на Јунајтед отсекогаш ме мотивирала“, изјави Санчез.

Чилеанецот во тимот на Јунајтед се сели по три и пол сезони поминати во Арсенал, а во новиот клуб ќе ја добие и легендарната седумка, која во минатото ја носеле најголемите имиња на „црвените ѓаволи“. (Крај)

извор: Гол.мк фото:ФБ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука