јануари 23, 2018

Струга, 23. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 35-годишниот П.П. од струшкото село Лабуништа, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“.

– Пријавениот, казненото дело го сторил на 27-ми август минатата година во семејниот дом, кога, поради одредени семејни несогласувања и под дејство на алкохол започнал вербална расправија со неговата мајка, 54-годишната С.П., која потоа со употреба на физичка сила ја туркал и ја бркал од куќата. Со извршувањето на казненото дело, пријавениот телесно ја повредил својата мајка и и` го нарушил нејзиното здравје. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука