јануари 24, 2018

Охрид, 24. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Сабота, 27-ми јануари ќе биде неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Македонија.

Согласно со Законот за празниците, празникот Свети Сава е прогласен за неработен ден, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Инаку, Здружението на Српската заедница во Охрид, „Коштана“ секоја година заеднички го одбележуваат и празнуваат на овој ден. По традиција се осветува колач и пченица, а вредните домаќинки подготвуваат богата трпеза. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука