Скопје, 26. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во Кривичниот суд во Скопје почна судењето на обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села за настаните на „крвавиот четврток“.
Десетмината обвинети првпат седнаа на обвинителна клупа, а Села не дојде на рочиштето.
Поранешниот градоначалник на Струга и лидер на Алијансата за Албанците, Зијадин Села беше тешко повреден на 27-ми април минатата година, при упадот и насилствата во македонското собрание. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22