јануари 26, 2018

Охрид, 26. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл. гласник на општина Охрид“ бр.8/2007,01/08,10/10,05/11,09/14 и 14/14), претседателот на Советот на Општина Охрид Живка Ангелоска ја свика 6-та седница на Градскиот совет.

Ќе се одржи во понеделник, на 29-ти јануари со почеток во 11:00 часот, а на Двевен ред е усвојување на Записниците од 4-та и 5-та седница и следните точки:

1. Предлог – одлука за  разрешување и именување членови во Надзорниот одбор на  ЈОУДГ  „Јасна Ристеска“ – Охрид.
2. Предлог – одлука за  разрешување и именување членови во Управниот одбор  на  ЈОУДГ  „Јасна Ристеска“ – Охрид.
3. Предлог – одлука за  разрешување и именување членови во Училишниот одбор на ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид.
4. Предлог – одлука за  разрешување и именување членови од Училишниот одбор на ОУ „Ванчо Николески“ с.Лескоец.
5. Предлог – одлука за  разрешување и именување членови од Училишниот одбор на ОМУ „Методи Патче“ – Охрид.
6. Предлог – одлука за  разрешување и именување членови од Училишниот одбор на ОУ „Живко Чинго“ с.Велгошти.
7. Предлог – одлука за  разрешување и именување членови од Училишниот одбор на ОУ „Христо Узунов“ – Охрид.
8. Предлог – одлука за  разрешување и именување членови од Училишниот одбор на ОУ „ Григор Прличев“ – Охрид.
9. Предлог – одлука за  разрешување и именување членови од Училишниот одбор на ОУ „ Братство – единство“  -Охрид.
10. Предлог – одлука за  разрешување и именување членови од Училишниот одбор на ОУ „Кoчо Рацин“- Охрид.
11. Предлог – одлука за  разрешување и именување членови од Училишниот одбор на ОУ „Св. Наум Охридски“ с. Пештани.
12. Предлог – одлука за  разрешување и именување членови од Училишниот одбор на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид.
13. Предлог – одлука за  разрешување и именување членови од Училишниот одбор на ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид.
14. Предлог – одлука за  разрешување и  именување членови од Училишниот одбор на ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид.
15. Предлог – одлука за  разрешување и  именување членови од Училишниот одбор на Средното општинско стручно училиште „Свети Кирил и Методиј“ – Охрид.
16. Предлог – одлука за организирање одделни услуги од дејноста на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид во  дел од просториите  на Подрачното училиште Рача при ОУ „Григор Прличев“ – Охрид.
17. Предлог – одлука за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.
18. Предлог – одлука за формирање Штаб за заштита и спасување.
19. Предлог – одлука за одобрување финансиски средства за материјално- финансиска поддршка на спортски клубови на подрачјето на општина Охрид за 2018 година.
20. Предлог – одлука  за предлагање за прогласување на чинарите во поширокото градско подрачје во општина Охрид и кочеџикот во дворот на црквата Св. Богородица Перивлепта  во категорија – споменик на природата.
21. Предлог – програма за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Охрид за 2018 година.
22. Предлог – одлука за утврдување  на висината на надоместокот за поставување  урбана опрема во општина Охрид за 2018 година.
23. Предлог – одлука за донесување предлог – детален урбанистички план за УЗ.16, дел од блок 16.1 – опфат 2, општина Охрид, плански период 2013–2018.
24. Предлог – одлука за утврдување  нацрт – детален урбанистички план за  УЗ. 2, УБ. 2.3 – опфат 5, општина Охрид, плански период 2013–2018.
25. Предлог – одлука за изменување на одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето на КП.бр.3374 КО Охрид 4. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука