Париз, 28. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Дани Алвеш, ќе мора да паузира дури 3 натпревари поради неговото однесување за време на дуелот со Лион во последното коло. Алвеш беше исклучен на дуелот поради расправија со главниот судија.
Во 57. минута, бразилскиот фудбалер доби црвен картон за разговор на висок тон со главниот судија Клемент Турпин и ги остави парижаните со играч помалку.
Алвес ќе биде принуден да ги пропушти натпреварите од француското првенство со Монпелје, Лил и Тулуз. (Крај)
извор: Шеталиште фото:архива
Прочитано: 23