јануари 29, 2018

Скопје/Охрид, 29. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Нова чартер линија Истанбул – Охрид – Истанбул се воведува од 15-ти април годинава и ќе биде активна до октомври, соопштија од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).

Ова е договорено меѓу македонската компанија БТБ Тур и турската Татил Будур на туристичката берза ЕМИТТ во Истанбул, Турција, а аранжманите се веќе во продажба. На берзата, пред 700 учесници од 80 земји и посетеност од над 50.000 луѓе, АППТ го претстави туристичкиот потенцијал на Македонија и ја доби наградата за најдобро организиран штанд. Наградата ја додели директорот на саемот Хаџер Ајдин.

Тимот на АППТ оствари состаноци со тур-оператори од Турција, САД, Индија, Кина и Виетнам, додека турски тур-оператори кои досега ја немаа вклучено Македонија во својата понуда, покажаа интерес тоа да го сторат веднаш.

Glorious DMC, Acenzi Travel, Sinope Tours, Aleria Travel&Leisure, Mahima Tours, BekTravel, Perfect Teavel, Amari tour се само дел од оние кои иницираа состанок за да дознаат повеќе за Македонија, но и да дознаат за можностите кои им ги нудиме како дестинација кои би довеле до соработка. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука