јануари 30, 2018

Лондон, 30. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Бразилскиот интернационалец Емерсон се наоѓа во Лондон каде по лекарските прегледи се очекува да го официјализира трансферот во Челзи, додека неговиот досегашен соиграч од Рома, Един Џеко остана во римската престолнина.

Се најавуваше заминување на двајцата во пакет во редовите на актуелниот англиски шампион, но Џеко не се договори со Челзи. Тој инсистираше на договор до 2021 година и годишна плата од 5,5 милиони евра, а му беше понудена соработка до 2019 година со 4,5 милиони евра плата за една година.

Бразилецот Емерсон ќе потпише четиригодишен договор со „сините“ кои на Рома ќе и исплатат 25 милиони евра.

Откако пропадна трансферот на Џеко во Челзи, останува да се види дали шампионот ќе пронајде друг голгетер до завршување на јануарскиот преоден рок. (Крај)

извор: Спортм.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука